По нападот врз клубот „Цар Борис“, македонската амбасадорка повикана во бугарското МНР

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска, ќе биде повикана денеска во бугарското МНР каде, многу веројатно, ќе ѝ биде врачен остар демарш по синоќешниот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Уште синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија за тешкиот инцидент во Охрид, јавува дописникот на МИА од Софија.


Претходно македонското МНР го осуди инцидентот, а полицијата потврди дека имало две оштетувања на клубот направени од огнено оружје.Синоќа околу 20 часот пред бугарскиот клуб именуван во чест на фашистичкиот соработник на Хитлер ,,Цар Борис Трети” се случило пукање од огнено оружје при што од пиштол се испукани повеќе куршуми.