Штрајкот и заканите со штрајк во одредени случаи даваат, какви такви резултати. По притисокот од работниците, министерот за здравство и синдикатите договорија измени на колективниот договор со што платите треба да се покачат за две до три илјади денари бруто односно за 1.300 до 2.000 нето. За дел од здравствените работници ова е деградација. понижувачки однос и газење по нивното достоинството зашто со месеци им се ветувала вистинска корекција а сега им биле понидени само трошки.

Министерот за здравство ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството.