По Палмер стоп, важни странци се проретчија во Македонија

По посетата на високиот американски функционер Метју Палмер во Македонија запреа посетите на високи странски државници на Македонија.

Иако работата со Преспанскиот договор и уставните измени не е завршена и на власта и е потребна странска помош во земјава десетина дена не дошол ниту еден важен странски политичар.

Причината за тоа е проценката на западните партнери дека високите странски гости не само што не и помагаат на владата туку и одмагаат со своето присуство во Македонија.

Затоа висок европски претставник во Брисел барал од европските политичари да не доаѓаат во специјални посети на Македонија за да не се иритира јавноста.

За време на кампањата на референдумот во Македонија пристигнаа моќни играчи на светската политичка сцена како Меркел, Матис, Курц, Столтенберг и други но и тоа не помогна за успех на референдумот.

Откако процесот на промена на името се префрли во Собранието и по научената лекција дека Македонските а не западните политичари треба да ги убедат граѓаните сега странците не се дел од процесот на отворено убедување на јавноста за исправноста на Преспанскиот договор.