Заменик министерот за здравство во оставка Илир Хасани на својот ФБ профил денеска објави дека се вратил на работното место во Хируршките клиники во Скопје и објави фотографија како се подготвува да влезе во операционата сала.

На 10-ти септември погоден од страшната несреќа во модуларната болница во Тетово како морален чин поднесе оставка од функцијата

„И покрај фактор дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска ниту со организацијата на работата внатре во модуларната болница, мојата оставка е најмал чин кој што можам да го направам во овие тешки моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените и новните семејства“, напиша Хасани.