По операцијата на коленото, Стоилов одново на нозе

Македонскиот ракометен репрезентативец и член на Вардар, Столе Стоилов, мораше да биде подложен на оперативен зафат за да ја санира повредата на менискусот на коленото.

Пред мечот со Грција, минатата недела тој се реши да легне „под нож“, а неколку дена по операцијата се чувствува одлично, дознава порталот „Гол.мк.

Според лекарскиот тим, интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија за рехабилитација.