Горан Тојага, шефот на психијатрија во Општата болница во Лесковац, Горан Тојага, поднесе оставка, потврдија за РТС.

Според извори од болницата, тој дал отказ од морални причини поради фотографии со реплика на оружје на социјалната мрежа „Фејсбук“, пренесе б92

Објавата на социјалната мрежа непосредно по двата масакри во Србија во кои смртно беа застрелани 17 лица и над 20 ранети, предизвика лавина критики во јавноста.

Началникот на психијатријата во Лесковац, Горан Тојага, поради стари, но сега ажурирани фотографии со реплика на оружје на Фејсбук, поднесе оставка од морални причини, потврди за РТС директорот на Општата болница во Лесковац, Небојша Димитријевиќ.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ претходно во телефонски разговор му порача на директорот на Општата болница во Лесковац да преземе мерки во врска со тие фотографии кои беа споделени на социјалните мрежи.