По неуспешниот референдум се бара оставка на романската влада

Романската опозиција ги обвини обвини владејачките социјалдемократи за неуспехот на референдумот за истополовите бракови, а организаторите најавија дека ќе го повторат.

Референдумот за промена на Уставот на Романија, со која експлицитно ќе бидат забранети хомосексуалните бракови, се одржа на 6 и 7 октомври.

Според податоците на Централната изборна комисија на Романија на референдумот излегле само 20,41 отсто од граѓаните со право на глас.

За да биде прогласен за узпешен, одѕивот треба да биде минимум 30 проценти колку што е предвидениот цензус.

Опозицискиот „Сојуз на спас на Романија”, смета дека нискиот одѕив е сигнал до властите кои го одобрија референдумот.

„Оваа влада мора да оди, ние инсистираме на оставка, бидејќи фрли 40 милиони леи (околу 8 милиони евра) на ветер“, рече лидерот, Дан Барна.

Хомосексуалноста во Романија беше престап с’е до 2000 година кога, под притисок на Советот на Европа и Европската унија, Букурешт го измени законот,потсетува БГНЕС.