„Подготвен сум да ѝ се извинам на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова“, вели во изјава за „Независен весник“, Ѓорѓи Галетановски.
Тој деновиве ја разбранува јавноста откако на Фејсбук имаше непристоен коментар под друг пост во кој се спомнува гафот на Силјановска која ги помеша Кочани и Кичево.
„… логички во Бардовци треба да оди“, беше коментарот на Галетановски кој е шеф на скопскиот изборен штаб на кандидатот Стево Пендаровски.
Галетановски вели „никогаш не сум ја навредил Силјановска“ на моја објава на ‘Фејсбук’. Можеби сум претерал во одреден коментар на друга објава и за тоа сум подготвен да ѝ се извинам.
Но, не гледам ништо спорно во тоа што ги објавувам нејзините гафови.
Тој уште додава дека доколку претседателскиот кандидат Стево Пендаровски или СДСМ сметаат дека треба да престане да ја извршува оваа работа, подготвен е да се повлече.
,Подготвен сум да ја прифатам таа одлука“, вели Галетановски, кој е директор на Зоолошката градина во главниот град, пишува „Независен“.