По настапот на пикникот организиран СДСМ за 8 септември пејачот Баже Груевски ја ризикува веќе закажаната турнеја меѓу Mакедонците во Австралија која треба да се случи на крајот на оваа година.

Груевски заедно со колешката Сања Барби веќе има договор за настап пред македонските иселеници во повеќе австралиски градови но сега има силен притисок Груевски и колешката да не доаѓаат на седмиот континент.


На социјалните мрежи има многу критики и закани за пејачите кој пееле на партискиот настан на СДСМ на денот на независноста.

Покрај нив под критики е и Сузана Гавазова која исто така за хонорар настапи на пикникот на СДСМ.

Во видеото објавено денеска од СДСМ покрај партиски пораки во два наврати се гледа како пее Баже Груевски.

https://fb.watch/mY7QeFY58Z/?mibextid=Nif5oz