Претседателот Доналд Трамп ѝ нареди на Националната гарда од државите Мериленд и Вирџинија да интервенира на насилните протести во Вашингтон.

Војската ја активира целата Национална гарда од 1.100 војници, а гувернерот на Вирџинија ја испрати Вирџиниската гарда заеддно со 200 војници за да помогнат во враќањето на редот во главниот град. Тие ќе бидат распоредени околу Капитол и на други точки околу градот.

Трамп ги повика своите приврзаници преку Твитер што упаднаа во зградата на Конгресот да се разидат.

При влегувањето во Претставничкиот дом тешко е повредена млада демонстрантка. која е застрелана во вратот и се наоѓа во критична состојба, а ранет е и еден полицаец.

Се огласи и Џо Бајден, кој денеска требаше да биде официјализиран како нов претседател на САД.

„Во овој момент нашата демократија е нападната. Ова е преседан. Ова е напад врз темелот на слободата во Капитол, напад врз претставниците на народот и на државните службеници што работат во срцето на САД. Ова е напад врз владеењето на правото и на најсветото во Америка, а тоа е должноста спрема народот“, изјави тој.

Пред Трамп, и потпретседателот Мајк Пенс повика за прекин на насилството.