По нападите врз утедничките на ТВ 24 и Сител Анета Додевска и Славица Арсовска, соработникот на Џабир Дерала, Љубомир Костовски тргна во атак врз Васко Поппетревски уредник на проектот 360 Степени кој сега се емитува на МТВ.

Костовски како и во случајот со Додевска и Арсовска го обвинува Попетревски дека споменувал повеќе ликови од политика а го штедел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто со Али Ахмети.


Костовски меѓу редови наметнува теза дека Поппетревски добил можност и пари од МТВ да ја емитува својата емисија а за возврат да не го критикува Мицкоски.

Во коментар со наслов ,,Изоставен”, Костовски го обвинува и Поппетревски дека е на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Во интервјуто водено во новиот термин и простор за 360 степени уредникот имаше интервју со Ахмети. Беа споменати неколку имиња од политичкиот живот во врска со актуелни теми, пред се околу измени на уставот. Заев, Груевски…Не се спомена само едно – Мицкоски! Можеби не е релевантен фактор ама мислев дека без тој „пазл“ тешко дека ќе се состави мозаикот на политичкит дилеми. Мицкоски под стаклен ѕвонец – можеби е тоа добра влезница за студијата на МТВ?”, пишува соработникот на медиумскиот тајкун Дерала.

Предходно Костовски нападна две уреднички

По нападот врз Додевска од ТВ24, Костовски ја нападна и Арсова од Сител

Костовски се претставува како уредник на одамна згаснатиот неделник Глобус а сега се појавува како новинар во медиуми под контрола на медиумскиот тајкун Џабир Дерала.

Дерала пред околу еден месец беше фатен како од телефонски број на порталот Фронтлајн преку група на Фејсбук плаќа спонзорирани политички видеа против ВМРО-ДПМНЕ.

Ни за овој случај ни за нападите од Костовски против Додевска, Арсовска и Поппетревски засега нема реакција од ЗНМ каде порталите на Дерала членуваат во асоцијација на онлајн медиуми иако е јасно дека се работи за политички проекти.

Провладин медиум ,,жив фатен” во пропаганда и ширење лажни вести (ВИДЕО)