По Мицкоски и Османи и Заев со осуда за нападите на Хамас врз Израел

Откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Бујар Османи дадоа поддршка за Израел поради нападите од Хамас кои доаѓаат од палестинската територија Газа и премиерот со реакција против нападите во кои губат цивили губат животи во која Заев зборува за антисемитските напади врз Евреите без да ги спомене контранападите на Израел врз Палестинците.

“Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение”, пишува Заев.

Реакцијата на Заев доаѓа откога предходно лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи ги осудија нападите на Хамас врз Израел.