По масакрот во Косово: „Проклет да си што ја уби мојата ученичка“ (ВИДЕО)

По страшната вест, дека маскирано лице синоќа со калашников изрешетал автобус кај Дечани и уби три лица, со емотовна порака на Фејсбук реагираше класната раководителка на убиената девојка од средното медицинско училиште:

„Проклет да си криминалецу што ја уби мојата ученичка. Сочувство до семејствата на сите убиени вечерва“.

Во нападот со калашников на автобусот кај Дечани во Косово животот го загуби возачот на автобусот Гани Ѓокај, како и учениците од село Глоѓан – девојката Л.Х.(16) и момчето Ѓ.М.(17).

Косова Клан јавува дека портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Фадиљ Гаши изјавил дека во автобусот во моментот на пукањето имало осум патници. Потврдено е и дека повредените патници се префрлени во болницата во Пеќ.

Заменик-претседателката на Демократската партија на Косово, Влора Читаку, ја оцени како тероризам пукањето во автобусот во Дечани, во кое животот го загубија три лица.