И денеска во Македонија претпладне ќе има со магла или ниска облачност по одделни котлини.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се движи до 6 степени, а максималната до 17 степени.
Утре наутро ќе преовладува со магла или ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.
