Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека закажале одржување на конгрес на 28 март во Скопје. Како главни точки, членовите од овој одбор ги најавуваат отчет за сработеното на Христијан Мицкоски, како и гласање доверба.
Од Иницијативниот одбор најавуваат дека во наредните денови ќе ги формираат телата за спроведување на конгресот, ќе го промовираат слоганот и ќе почнат со дистрибуција на покани и материјали за делегатите. Исто така, повикуваат пријавување на заинтересирани кандидати за претседател.
„Иницијативниот одбор ги повикува сите заинтересирани кандидати за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ да достават апликации заедно со план за нивно делување“, пишува во соопштението.