Со обезбедено деби на европските првенства во фудбал в година, фудбалската репрезентација на Македонија од утре ја почнува операцијата „СП 2022 во Катар“ со ждрепката во Цирих.
„Црвено-жолтите“ се во четвртиот шешир, во кој се и Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург, кои ќе ги избегне во квалификациите.
Носители на групи ќе бидат Белгија, Франција, Англија, Португалија, Италија, ШпанијаХрватска, Данска, Германија и Холандија.
Вториот шешир го сочинуваат Швајцарија, Велс, Полска, Шведска, Австрија, Украина, Србија, Турција, Словачка и Романија.
Во третиот шешир се наоѓаат Русија, Унгарија, Ирска, Чешка, Норвешка, Северна Ирска, Исланд, Шкотска, Грција и Финска.
Во петтиот шешир се сместени Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Летонија и Андора.
Аутсајдерите Малта, Молдавија, Лихтенштајн, Гибралтар и Сан Марино се во шестиот шешир.
Победниците на групите ќе изборат учество на мундијалот, а десетте второпласирани одат во баражот заедно со двете најдобро пласирани од Лигата на нациите што не се меѓу освојувачите на првото и на второто место во својата група од мундијалските квалификации. Тие 12 селекции ќе бидат поделени во три групи по четири тима, ќе се игра полуфинале и финале, а само победниците од финалето ќе се пласираат на СП.