Активисти на „Зелен хуман град“ не мируваат откао пред неколку денапосадија дрво на место на исеченото во една Општина за да се гледал „ликот на кандидатот„ на билборрд.

Во епоследната акција , подигнаа на раце автомобил „паркиран“ на патека предвидена за велосипедисти:

„Не ни е првпат да налетаме на автомобил паркиран врз вело-лента, кој ја загрозува безбедноста и го попречува патот на велосипедистите. Од Зелен хуман град, решивме да им покажеме на надлежните инстуции како треба да се раководи со овој проблем во една хипотетичка ситуација.

„Се надеваме дека место ние да ги земаме овие работи во наши раце (буквално), тие ќе бидат одговорни во вршење на нивната должност. Башка, и пајак имаат, не мора вака рачно автомобили да преместуваат“, велат активистите од „Зелен хуман град“ во хит видеото кое се појави на социјалните мрежи.