Откако му се „поклони“ Интер, Горан Пандев беше „испочитуван“ и од Џенова, чијшто дрес исто така со успех го носеше, и тоа на денот кога неговиот поранешен клуб со победата над Асколи од 2:1 пред своите навивачи обезбеди враќање во Серија А две кола пред крајот на италијанската втора лига.
Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија и нејзин долгогодишен капитен за Џенова настапуваше од 2015 до 2022 година, постигнувајќи 28 гола за 176 натпревари.