По хакерскиот напад, се’ уште недостапна Веб-страницата на МОН

Откако на 9 септември беше хакирана, веб-страницата на Министерството за образование и наука сѐ уште не е во функција.

Од МОН велат дека се работи на нејзиното повторно активирање, но не прецизираат кога ќе се случи тоа.

Страницата (www.mon.gov.mk) била нападната од грчки хакерски тим „Netwatchers”.

МОН тогаш соопшти дека е во комуникација со Националниот ЦИРТ-центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации, каде што е пријавен случајот и од каде очекуваат, со поддршка на МВР, да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите.

-Во меѓувреме, ИТ-службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб-страницата, по што повторно ќе биде активирана, соопшти МОН на 10 септември.

Информации за активности на Министерството може да се следат на неговата фејсбук-страницата.