Белгискиот министер за правда, Винсент ван Квикенборн, вчера изјави дека одлучил да се повлече по притисокот околу начинот на кој Белгија постапи во случајот со напаѓачот од Тунис, кој уби две лица во Брисел оваа недела.

Ван Квикенборн рече дека истрагата за 45-годишниот Тунижанец кој застрела двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел во понеделникот вечерта откри дека барањето на Тунис да го екстрадира од Белгија во август 2022 година било игнорирано од белгиските судски власти.

„Ова е непростлива грешка која има драматични последици“, изјави Ван Квикенборн за новинарите.

Сакам да преземам целосна политичка одговорност за ова“, додаде тој додека ја објави својата оставка.

Во видеото на социјалните мрежи, напаѓачот се претстави како Абдесалем Ал Гуилани и ја презеде одговорноста за нападот.

Тој неуспешно побарал азил во Белгија во 2019 година и живеел во Белгија илегално. Т

Вооружениот напаѓач ги нападнал Швеѓаните кои биле во Брисел за натпреварот Белгија со Шведска во квалификациите за Европското првенство, кој беше прекинат по пукањето.

По неколкучасовна потера, напаѓачот беше смртно застрелан од полицијата во Брисел.