По долго време Македонија доби музички и видео производ кој има потенцијал да стане голем хит.
Веселата феминистичка песна која е во изведба на Бојана Скендеровски е комбинација од поп и фолк се вика ,,Ми треба”.
Автор на музиката и текстот е еден од водечките српски композитори Саша Милошевиќ – Маре. Препевот од српската верзија го направил Огнен Неделковски.
Видео спотот за песната го режира Александар Ристовски – Принц, а сценариото е на Васко Скендеровски.
Покрај Бојана во видеото се појавуваат многу јавни личности и нејзини драги пријатели.
Главните улоги во спотот ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, кои глумат заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива, Вики…
Најчитани вести
Ексклузивно: Одложена финалната пресметка меѓу скопското крило и кланот Заеви во СДСМ