По дојава за бомба, авион принудно слета во Берлин

Авионот на компанијата „Рајанер“ по дојава за бомба, беше принуден да слета во Берлин, објавија германските медиуми, додавајќи дека по проверката патниците го продолжиле летот.

„Полициската проверка покажа дека нема опасност“, изјави германската полиција додавајќи дека патниците го продолжиле летот кон Полска со друг авион.

Авионот со 160 патници слета на аеродромот во Берлин синоќа во 20 часот и 08 минути.

Слична ваква ситуација имаше во јули 2020 година. Авионот на „Рајанер“ на истата линија Даблин-Краков тогаш принудно слета во Лондон откако имаше дојава за бомба, за која подоцна се покажа дека е лажна.