По 9 месеци Холандија доби иста коалициска влада со ист премиер

Девет месеци по парламентарните избори и по тешки преговори, четири партии постигнаа коалициска влада во Холандија.

Одлуката беше објавена доцна синоќа.

Договорот предвидува актуелниот премиер Марк Руте да владее со земјата четврти последователен мандат.

Владејачката коалиција ќе ја сочинуваат четири партии и е истата која досега беше на власт, но овојпат преговорите меѓу партнерите траеја 271 ден.