Нов вид на коронавирус, детектиран во Велика Британија, пронајден е и во во Холандија, Данска и Австралија, објави Би-Би-Си.

Според Светската здравствена организација, новиот вид на вирус се шири побрзо од претходниот, но не е и повеќе смртоносен.

Нема докази дека различно реагира на вакцините, велат експертите.

Денес, Холандија воведе забрана за летови на патници од Велика Британија до 1 јануари поради новиот вид коронавирус.

Одлуката беше донесена откако примероците земени претходно овој месец го открија истиот нов вид на коронавирус како оној во Велика Британија.