Љубомир Фрчкоски е кандидат за шеф на Мисијата на Република Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, се дознава неофицијално од владини извори.
Откако Фрчковски беше блокиран да замине како амбасадор во Соединетите Американски Држави за него се подготвува мисија за која нема потреба да добие безбедносен сертификат од НАТО, тврдат владини дипломатски извори кои уверуваат дека тоа ќе биде погрешен чекор на владата.
Блокадата за негово заминување во Вашингтон се случи затоа што тој не можел да ги мине безбедносните протоколи на Алијансата.
Како знак на благодарност за одбраната на владините политики и во СДСМ и во ДУИ немале против Фрчкоски да се награди со единственото амбасадорско место во САД каде нема потреба од сертификат на НАТО.
Доколку замине дипломатската функција во Обединетите нации Фрчкоски ќе ја врши со намален капацитет затоа што секогаш кога ќе теба да има пристап до сензитивни информации поврзани со НАТО а имаат врска со ОН тој нема да биде информиран за нив.
Фрчкоски ќе нема пристап до криптозаштитени документи и практично ќе има само делумен пристап до дипломатската пошта.
Доколку владата опстои во намерата во ОН да испрати амбасадор кој не ги минал безбедносните протоколи на Македонија и се заканува делумен дипломатски бојкот во седиштето на светската организација затоа што се испраќа дипломат кој не ги задоволува основните дипломатски стандарди и нема пристап до сите дипломатски позиции на својата земја.