По Арачиново уште една македонска општина остана без струја.
Регионалниот Центар за Управување со Кризи (РЦУК) – Тетово известува дека поради пад на 110 кв извод на Тетово од 20:10 часот, без електрична енергија е цел град Тетово и околината. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Ова вечерва по 21 часот го јави Тетово инфо.
ЦУК вечерва подоцна информира дека во 20:20 часот дефектот во Тетово е отстранет.
Моментално снабдувањето со електрична енергија во Тетово е нормализирано.