Дури 22,3 милиона евра е тежок тендерот за надзор на четирите автопатски делници потпишан од Владата.

Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека „она што на јавноста ѝ се претставува како Надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри3.

Скандал Фантастични пари за луѓе кои ќе вршат надзор на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

На стотици страници од договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“ се сите детали за тендерот кој чини 22,3 милиони евра без ДДВ, пари што државата се согласи да ги плати за конзорциумот предводен од италијанската компанија – прво, да договори сума за изградба на автопатите со изведувачот „Бехтел и Енка“, а потоа и да врши надзор над градбата.

„360 степени“ пренесува дека во догоорот поединечно, се набројани и имињата на експертите што ќе работат на надзорот, но и колку ќе чини нивната работа.

Прва работа што паѓа во очи е дека од 81 име, само 5 се на странци од кои четворица од земји од соседството.

,,Вртоглави суми за надзорот над ,,Бехтел и Енка” – за четворица преговарачи за цената предвидени по 300 илјади евра паушал, за четворица надзорни инженери по 20 илјади евра месечно, за геометри – по 5.600 евра месечно“, објави 360 Степени од каде го прашуваат аериканскиот глобален координатор за антикорупција, Ричард Нефју, дали случајот со „Бехтел и Енха“ не ги поткопува заложбите на САД да ја помогнат борбата против корупцијата во Македонија.

„Проста“ матеметика покажува дека спомненатите инжењери кои ќе имаат по 20.000 евра плата, ќе земаѝат – по 700 евра на ден