ШЕКЕРИНСКА ГЛУМИ ЗАДОЦНЕТ ПАТРИОТ, ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ!

Ова е насловот на коментарот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој реагира на изјавата на една од најмоќните фигури во СДСМ која одеднаш доби разбирање за македонците кои не сакаат да прават наметнати работи од соседите.


,,Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него.

Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат!

Истата која прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. И истата која според многумина ги влече конците од позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковечевски се консултира за секоја покрупна одлука”, порачува Николовски според кого Шекеринска сега продава задоцнет патриотизам.

,,Извинете ама не поминува. Како што Ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија – ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ!

И тогаш како и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО ДПМНЕ да го подржи предавството! За овој договор кој значи капитулација на Македонија ние сме на РАЗЛИЧНИ СТРАНИ и НИКОГАШ НЕМА ДА СМЕ НА ИСТА СТРАНА, ПО НИЕДНА ЦЕНА”, и порачува Николовски на моќната Шеќеринска кога се споменуваше за генерален секретар на НАТО или за амбасадор на НАТО во Вашингтон.

Првичната порака дека предавството ќе и тежи цел живот Николовски на Шеќеринска и ја упати На ТВ дуел во 2018 година.

Најчитани вести

Македонскиот научник што исправи една од најголемите светски неправди – пишува Горан Момироски

Не можел повеќе да го издржи психолошкиот притисок

Директор на универзитетска клиника дал оставка заради мобинг од член на влада