Претходно изгубената слика – од голем повеќеаголен објект долг околу 30 метри што лебди на небото со авион од типот Хариер во позадина – е откриена по 30 години.

Оваа фотографија експертите ја опишуваат како „важен дел од сложувалката за НЛО“, јавува Daily Mirror.

Сликата е направена пред објектот кој лебди 10 минути пред да замине високо во небото и да исчезне.

Двајца неидентификувани мажи го сликале леталото во близина на Перт во Шкотска на 4 август 1990 година по што полицијата ги повикува сите кои имаат какви било информации за нивниот идентитет да го објават.

Еден универзитетски истражувач повторно ја открил фотографијата во домот на поранешен офицер на Британското кралско водихопловство. Претходно се мислеше дека фотографијата е изгубена откако му беше предадена на Министерството за одбрана на Британија по што исчезна.