По 30 денари од лице ако матичните лекари стимулираат 70% од пациентите да се вакцинираат

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска најави ова мерка која се очекува да стимулира поголема вакцинација на граѓаните.

Матичниот лекар да биде награден со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти запишани кај него, откако ќе надмине 70% на вакцинација од вкупниот број пациенти, е новиот предлог на Министерството за здравство.

Досега, вакцинирани со една доза вакцина се 58% од полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.