Имаме селективна правда и затоа е потребно конечна да има прочистување со сите корупирани политичари, судии, обвинители, новинари, и само така може да ја вратиме довербата и кредибилитетот во институциите, вели вицепремиерот Артан Груби за емисијата Трилинг.

На прашањето кој ја опструира правдата Груби со одговор дека корупцијата е главен кочничар.

Со тоа Груби индиректно се обвини себе си и своите другари во владата затоа што корупцијата важи за тие што се дел од власта а неговата партија ДУИ веќе 20 години без прекин е во власта.

Според официјалната дефиниција за корупција таа означува ,,крајна расипаност” и се однесува на луѓе кои што се во власта а Груби повеќе од една деценија е дел од највисоките владеачки институции и имал висока службена положба.

Корупција претставува злоупотреба на службената положба за остварување незаконска приватна добивка. Формите на корупција се разликуваат, но вклучуваат: поткупување, изнуда, протекции, непотизам, покровителство, мито и проневера на пари, дефинира Конвенција на Обединетите нации против корупција

Зборот „корумпиран“ потекнува од латинскиот збор „corruptus“. Кога се користи како придавка, овој збор буквално значи „крајно расипан“, додека во современата англиска употреба зборовите корупција и корумпирани имаат многу значења.

Како Груби сам се обвини за корупција и во исто време за попречување на правдата ја обвини целата влада во која тој е вицепремиер.

Груби пред два месеци беше фатен од новинарските камери како со владино возило оди на партиски состанок во ДУИ што претставува класичен пример на корупција или крајна расипаност но тој ниту даде оставка ниту владата го казни за коруптивното однесување.

Со Груби разговара Горазд Чомовски.