Во наредните три месеци (април, мај и јуни) пензионерите ќе добиваат по 1.000 денари месечно како финансиска помош поради енергетската, економската и корона кризата како и војната во Украина.

Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски вечерва по состанокот во Владата со здруженијата и Партијата на пензионерите.

Премиерот ја објасни и новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врши два пати годишно – во март и септември.

.„Се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување на нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата“,рече Ковачевски.

Премиерот смета дека со воведувањето на оваа методологија и зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 ќе има историски најголемо зголемување на пензиите.