По 0,6 лајкови на час: Тешко фијаско на Спасовски на Твитер

Честитката на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денот на полицијата е една од најлошо доживеаните на социјалните мрежи од македонската јавност.

За повеќе оф 5 часа откако ја објави честитката Спасовски кој е втор човек на владеачката партија доби само 5 допаѓања (like) или по 0,6 на секој час.

Тоа значи дека ниту членовите на неговиот најтесен кабинет не му ставиле лајк на својот шеф.

“Честит 7 мај – Денот на македонската полиција. 🇲🇰

За ефикасноста на полициското работење зборуваат конкретните резултати во борбата против криминалот, како и почитта и довербата на граѓаните”, напиша Спасовски во твитот од кој се гледа што мислат граѓаните за министерот за внатрешни работи.

Министерот Спасовски за нецели два месеци се соочи со неколку сериозни афери за кои даваше несериозни објаснувања што резултира и со бројот на реакции на позитивни неговите статуси.

За набљудувачите малиот број на лајкови лак Спасовски се должи и на “откажувањето” од него и од неговата партија која се обидува да се оддалечи до сите функционери кои и го влошуваат имиџот.

Спасовски е единствениот министер за внатрешни работи во земјите членки на НАТО кој по една година од членството нема добиено безбедносен сертификат од алијансата.