Иако се уште не е потврдено на 13 и 14 јануари големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ може ќе учествува во програмата на годинешниов Вевчанскиот карневал, дознава Плусинфо.

„Музичката програма почнува вечерта на 12 јануари, кога пред присутните треба да настапат рок и поп- бендовите: „ГИГ ОФФ“ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и „Прпл цепелин“, реге-бендот „Брука“, „ДНК“, „Ласт експедишн“, Фиц и „Студени нозе“.

На 13 јануари вечерта, пак, присутните ќе уживаат во народната музика, а на сцената во центарот на Вевчани ќе настапат „Баклава“, „Банда Ентопика“ од егејскиот дел на Грција (популарен бенд што изведува македонска и грчка народна музика со призвук на џез), Нино Величковски и „Кумановските тамбураши“, „Некст тајм“ и Перо Бели“, велат организаторитен за Плусинфо.