Плусинфо: Заев заминува за еден месец

Во текст со наслов “НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД, ЗАЕВ СИ ОДИ ВО ДЕКЕМВРИ”, Плусинфо објавува дека до петок се чекаат предлозите за мандатар.

“Како што дознаваме, премиерот на вчерашната средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство бил мошне категоричен во ставот дека „нема враќање назад “ и ги повикал парнтерите да се договорат за нов мандатар и најдоцна до петок да излезат со предлози.

Ниту Али Ахмети, коалицискиот партнер, ниту било кој од досегашните партнери и блиски луѓе на Заев не успеале да го предомислат премиерот во оставка да ја смени одлуката за повлекување од премиерската функција, откако тој ја загуби битката за локалната власт”, пишува меѓу другото порталот.