„Плусинфо“: Нов бугарски клуб, овојпат во Кавадарци

На 11 декември во Кавадарци ќе биде отворен уште еден приватен бугарски клуб под името „Балкански коридор“, дознава екслузивно Плусинфо од доверливи извори.

Како што дознава порталот, на отворањето, покрај амбасарот на Република Бугарија во Македонија Ангел Ангелов, најавено е дека ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Миликов.

Ова ќе биде трето отворање на бугарски клуб во Македонија, по клубовите „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.