Министерот за здравство Беким Сали вечерва си заминал од снимање на интервју во емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ, јавува порталот Плусинфо.мк.

Извори во телевизијата за Плусинфо велат дека Сали имал закажано интервју во Заспиј ако можеш кое требало да биде снимено во 20 часот а да биде емитувано вечерва во 22.30 часот.

Министерот согласно договорот со неговиот кабинет и новинарот Горан Момироски бил пречекан од новинари на Алфа ТВ во 1930 но во 19.45 наводно наведен од односот кон него заминал пред да се сними интервјуто.

Повеќе детали на Плусинфо.мк