Плусинфо: Колку броеви биле прислушкувани од некогашната УБК – 200, 500, 26.000 !?

На вчерашното рочиште за случајот во „Таргет-Тврдина”, како сведок на ЈО, сведочеше Марјан Јанкуловски, некогашен вработен во УБК, кој не го смени претходниот исказ дека биле не многу точни тврдењата на Зоран Заев дека биле следени повеќе од 26.000 лица од јавниот живот во Македонија, пишува Плусинфо“.

Како „маркирач” на броеви и за функционалностите на системот, Јанкулоски рекол дека системот го ресетирале еднаш годишно, односно околу Нова година. Тогаш ги исклучувале сите броеви кои биле маркирани, па потоа повторно ги вклучувале.

На вкрстено прашање на одбраната, Јанкуловски пред судот има потврдено дека станувало збор за 200, 300 до 500 броеви во просек годишно. Според него, за таа операција биле потребни денови.

Тој не може ниту да претпостави колку денови би биле потребни за 26.000 броја, за колку што обвинуваа Заев и СЈО, пренесува Плусинфо.