Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе ја посети Битола, токму на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашистичката бугарско-германска окупација, објавува Плусинфо во сатирична вест.
Плусинфо во веста која е сатирична ,,дознава” дека целта на посетата на Јотова била на инфлуенсерот и писател Божидар Божиновски ќе му ја врачи наградата „4 Ноември“.
Потпретседателката на Бугарија била известена дека Божиновски напишал роман за уништување на македонско-бугарските односи насловен „Уништување“.
И затоа одлучила наградата „4 Ноември“ да му ја врачи лично, во просториите на клубот „Иван Михајлов“, пишува Плусин фо.
Поради посетата ќе има засилено присуство на полицијата.

(САТИРА)