Плусинфо: Европратеници бараат мониторинг во врска со притворот на Орце Камчев

Четворица пратеници на Европскиот парламент покренуваат прашања до Европската комисија во врска со незаконскиот притвор на Јордан Камчев и континуираното кршење на неговите основни човекови права.

Прашањата се однесуваат на тоа како ЕК планира да ја насочи поддршката на Европската Унија за Северна Македонија доколку постои континуирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност, јавува Плусинфо.

Во тој контекст, четворицата пратеници на Европскиот парламент поставуваат конкретни прашања пред Европската комисија за случајот против Јордан Камчев кој е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, но е притворен под животозагрозувачки услови и покрај тоа што боледува од вродена срцева болест.

Постапката укажува на незаконски контекст (жалба за белешка од тајната служба, потенцијално пристрасен одговорен обвинител, 8 продолжувања на 30-дневен притвор, злоупотреба на фотографии од притворениот на неодамнешните избори од страна на владејачката партија…).

Дополнително, неразбирлива е и одлуката покрај независните медицински препораки властите да одбијат да го преместат притвореникот во домашен притвор, дознава Плусинфо.

Во истите прашања тие потсетуваат и на пресудата на Европскиот суд за човекови права против С Македонија за докажана мотивирана полициска бруталност во случајот со г-дин Фатмир Мемедов.

.