Четиринасет луѓе ви изгореа во пожар во болница.
„И што сега, да се полиеме со бензин и да се самозапалиме“?
***
Што е со оставките?
„Ако може мртвите да ги оживееме, сите ќе си поднесеме оставки“!
***
Министерот за здравство понуди оставка, вие не ја прифаќате.
„Тодоров ли да го турам за министер, Филипче советник да му биде“?!
***
Размислувате ли вие за оставка?
„А што, Мицкоски да дојде на власт?! Не размислувам“!
***
Многу луѓе ни умираат од ковид-19?
„Еве, да може да воскреснат, јас ќе дадам оставка, па Мицкоски нека биде премиер ако сака“.
***
Имаме највисока смртност во Европа.
„Па во Африка ли да имаме“?!
***
Србите среде пандемија градеа ковид-болници од тврда градба, а вие поставувате контејнери.
„И што треба сега, Вучиќ да ни биде премиер?! „Тропикана“ да ја отвориме“?!
***
Пола Македонија ви изгоре во пожар.
– Да не треба Стојанче на ражен да го печеме?
***
Авионите за гасење пожар не ви беа сервисирани.
„И што треба сега, да ги слечеме падобраните и од авион да се фрлиме“?!
***
Австријците ни ги гасеа пожарите, не е ли срамота? Можеби ќе ве интересира
„Ќе гасевме и ние, ама бавно ни оди – требаше да задоцниме“?!
***
Немаме нови противпожарни возила, но затоа имаме нови државни лимузини.
„Да можело така еден пожар да се изгаси, сите ќе одевме пешки на работа“.
***
Нема преговори со ЕУ, не можете да го решите спорот со Бугарија, џабе Преспанскиот договор.
„Да не треба името да го вратиме“?!
***
Како се здушивте вака со ДУИ?
„Тие рекоа федерализација. Јас им реков, ако не па канализација да ви дадеме. И бидна…“
***
Има голема корупција.
„Тоа е убавината на демократијата“.
***
Правосудството ни е катастрофа.
„Да не треба на обвинители и на судии да им се јавувам“?!
***
А не им се јавувате?
„Не тропај глупости“!
***
Притвореници и затвореници ви шетаат по улици и патишта.
„Па за што градиме, да можат луѓето слободно да шетаа“т!
***
Почна учебната година, нема учебници…
„Кога бев дете, да не читавме учебници случајно… И што ми фали, премиер станав“!
***
Велат дека лошо владеете.
„Ако не, па Грујо да го вратиме…“