Полицијата во Ресен ги лишила од слобода А.М.(42) и Ј.Р.(31), двајцата од Ресен, поради напад на полициски службеник со тврд предмет, пишува Плусинфо.
Како што соопшти МВР, полицаецот во моментот не бил на работа, но претходно, при преземање на службени дејствија, ги затекнал пријавените како вршат кривично дело – нелегален транспорт на дрва.
Во петокот во Тетово малолетник се обидел да прегази полициски службеник.
Полициски службеници од СВР Тетово во тетовско Желино лишиле од слобода малолетник од село Копачиндол, тетовско и малолетничка од село Добарце, тетовско поради тоа што со патничко возило „БМВ“ без регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат.