Плукаат по се’ што и малку им мириса на македонштина

„Патем, има една група „граџани“ (македончиња) која плука по сè што и малку им мириса на „македонштина“: плукаат по ВМРО, плукаат по МПЦ, плукаат по бранителите, плукаат по спомениците на македонската борба. ..

Плукаат по „терористите“ од 27-ми, плукаат и по оние што не дозволуваат бришење на историјата ….

Од каде им излегува толку плуканица е медицински феномен, како рѓосана чешма од која стално капе матна и гнасна вода…

Дојдени се дотаму што  Али Ахмети мора да им кажува дека сите загинати од 2001-ва заслужуваат спомен (дури и припадниците на безбедносните сили, замислете?), дека тие што влегоа во Собранието не се терористи …

Парталавите алишта предизвикуваат сочуство и жал – ама парталавите души на овдешните „либерални граџани“ будат само одвратност, а ги има баеги што со гордост си ги носат…“