Плевнелиев на Петков: Сликање со Бајден во ходник не е средба

„Не можете да одите и да се сликате со Џо Бајден две минути и да тврдите дека сте имале состанок. На оваа средба од две минути и некаде по ходниците не можете да објасните колку била лоша поранешната влада на Бугарија и како „Турски тек“ е национално предавство, што апсолутно не е точно“, вели поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во анализа за БГНЕС.

За бугарскиот премиер „Турски тек“ е пример за корупција


Цевките на „Балкански тек“, а можеме слободно да го наречеме „Бугарски поток“ се сопственост на Бугарија и на децата на Бугарија. Во овие цевки беа инвестирани 3 милијарди лева.

Приходите за првите четири години од транзитот на гас преку Бугарија се над 800 милиони лева. Дали е ова добра зделка, господине премиер?

Мислам дека ова е добра зделка, бидејќи децата на Бугарија се сопственици на овие цевки. Ако утре низ нив тече американски или азербејџански гас, некој нека им се заблагодари на премиерот Бојко Борисов и на претседателот Росен Плевнелиев, кои се бореа овие цевки да станат бугарски, вели Плевнелиев.