Платиле милион евра за струја, а продале канабис за само 330.000

Сонцеритас АД Скопје, единственото акционерско друштво за производство на медицински канабис во Македонија, минатата година платил сметки за електрична енергија од милион евра, а од продажба, поради законските ограничувања, направил приход од само 20 милиони денари, или околу 330.000 евра.

Германскиот инвеститор, чие седиште е во Скопје, а фабриката е во Росоман, работи од 2019, а од 2021 има статус на акционерско друштво. Трошоците од 134 милиони денари лани го довеле „Синцеритас“ во загуба од безмалку 2 милиони евра на крајот од минатата година.

Како трошоци за вработени биле исплатени 40 милиони денари, а во текот на годината поради ограничувањата со прописите и администрацијата, бројот на вработени паднал од 70 на 8 работници. Задолженоста по подигнати кредити е стигната до ниво од 10 милиони евра, а вкупната сметка за струја со настапувањето на енергетската криза се зголемила за двојно повеќе.

Акумулираните загуби од изминатите години изнесуваат 6,6 милиони евра, но инвеститорот сепак дал поддршка затоа што од оваа година се очекува позитивно работење по надминувањето на процедурите за извоз на производите од канабис.

https://faktor.mk/kompanija-vo-makedonija-plati-milion-evra-za-struja-a-prodade-kanabis-od-samo-330000