Британската разузнавачка служба тврди дека руски војници и платеници од групата „Вагнер“ се селат во регионот на Донбас.
„Руските трупи продолжуваат да се консолидираат и реорганизираат додека ја пренасочуваат својата офанзива кон регионот на Донбас во источна Украина“, соопшти британското Министерство за одбрана во најновото ажурирање на разузнавањето.
Групата „Вагнер“ првпат се најде во центарот на вниманието на јавноста за време на руската инвазија на источна Украина во 2014 година,. потсетува Индекс.хр.
Оттогаш, независното истражување и истрагите на Си-Ен-Ен открија дека овој „приватен воен контрактор“ дејствувал во Сирија и други земји во Африка. Американските власти и организациите за човекови права ги обвинија за континуирано кршење на човековите права.
Се верува дека групата е поврзана со Евгениј Пригожин, олигарх толку близок до Кремљ што е познат како „газда“ на Путин. Кремљ постојано негираше какви било врски со групата.
