Герила акција на засега неидентификувани лица поставила плакати со покана за работа во АРМ на штабови на СДСМ.
Во плакатот се покануваат сите заинтересирани да се пријават за работа во АРМ преку три лица од СДСМ чии телефони се наведени во објавата.
Имињата дадени на плакатот се Диме, Миле и Цаци што најверојатно ги означуваат лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ.
Плакатите се појавија откако на Фејсбук профил на СДСМ Арачиново сите заинтересирани во оваа општина да се јават за работа во АРМ кај локалниот лидер на СДСМ од што подоцна партијата се огради.
За објавата на СДСМ Арачиново засега нема уапсени ниту има истрага од обвинителството за политичко влијание во армијата.
Според законот прием на војници во АРМ преку партиски органи е забранет. Регрутен центар не смее да има во политички партии туку само во Министерството за одбрана кое во води Петровска.
Скандал: СДСМ повикува Арачиновци што сакаат да бидат војници во АРМ да се јават кај партиски шеф