Родители на невакцинирани деца, се закануваат дека ќе повикаат на граѓанска непослушност, односно дека нема да плаќаат данок, а најавија и дека ќе отворат градинки и училишта, кои ќе можат да ги посетуваат нивните деца.
На фејсбук страницата, која има над 5.600 подржувачи, тие испратија отворено писмо до министерот за здравство Венко Филипче во кое, меѓу другото се вели:
„Во недостиг на вистински податоци од регистрираните случаи на морбили конкретно и релевантно анализа на генотипот на вирусот на морбили, можеби на тој начин успешно го криете фактот дека за вашата епидемија се виновни токму вакцинираните индивидуи и дека “епидемијата“ ви е вакцина – индуцирана.
Заинтересирани сме исто и за фактот како ќе го оправдате вашето фашистичко кршење на човековите права и тоталното лудило пред Европа и Стразбур кон кои демек се стремите?
Во целата европска унија вакцините се иклучително право на избор на родителот, воедно и ви честитаме на најголемиот правен гаф и преседан достоен за светските насловни страници“ се вели во писмото.