Одбраната на Сашо Мијалков денеска откри дека испратила писмо до израелскиот амбасадор кој ја покрива Македонија во врска со проценката на скопскиот кривичен суд според која ако Мијалков излезе од притвор тој со помош на тајните служби во Тел Авив ќе замине надвор од земјава.

Според извори во кривичниот совет на скопскиот кривичен суд ваквото образложени за Мијалков го дала судијка инаку роднина на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев.

Врз основа на кои извори и институции судијката го дала образложението за контактите на Мијалков со Израел и можноста Моссад да организира негово бегство засега не е познато.

Судиите вообичаено немаат пристап до вакви информации што значи дека овие податоци на судијката и се дадени од служби за безбедност или се измислени во партиски и политички кабинети и лиферувани до судии.

Инаку таткото на Иван Џолев е од Струмичко Муртино и е долгогодишен пријател со семејството на Зоран Заев.

Видеото на овој линк

https://fb.watch/a7ihb1PMOo/