Македонскиот бизнисмен Васко Белески кој на европските пазари работи со фирма со седиште во Швајцарија ја анализира информацијата дека газдата на компанијата Еколог Љазим Дестани со државни пари од Македонските граѓани ќе градел фрабрика за Е-Автомобили.

Белески открива дека овој вид автомобили за прв пат се појавиле во продажба уште пред пет години но досега овие возила не се движат по европските патишта.

Целата анализа на Белески која изобилува со факти, податоци и логични прашања во продолжение:

,,Со поставување камен темелник на фабриката „НЕКСТ.Е.ГО“, Македонија ќе станела 🙈 првата земја во регионот која ќе произведува електрични автомобили. Инвестицијата била вредна 130 милиони евра, а фабриката ќе се градела во слободната економска зона во Тетово. (обрнете внимание на ова “ќе)

“Инвеститорот” Љазим Дестани рекол дека се радувал што инвестирал во својата земја, со цел младите да не заминуваат во странство. (овде мисли на оние 130 милиони што ги добил од Министерот ,,за лежи лебу да те јадам” Артан Груби.

Но ајде малку со факти:

Фирмата Next.e.GO Mobile SE е германски производител на моторни возила за електрични автомобили со седиште во Ахен. Во март 2017 година беше претставен првиот сериски модел e.GO Life; возилото е достапно за преднарачка од мај 2017 година и ќе биде испорачано од мај 2019 година., каде е испорачано провот возило нема податок, во секој случај на германските улици го нема.

Основач на фирмата е Гунтер Шу а нејзин председател денес е Мартин Клајн, Дестани не фигурира во фирмата, барем на на сајтот на компнијата. Излезе премиерот Таче и најави бомба, во Тетово, каде што стаорци шетаат по улиците од лоша или немање на канализација ќе се произведувале, замислете ни помалце ни повеќе Е-Автомобили.

Замислете бомба странска инвестиција, арно ама пусти простулак го издаде Минситерот за ,,лежи лебу да те јадам” поточно Артан Груби и оп, си кажа човекот 130 милиони ќе ионвестирала Владата на Македонија.

Ами тендер, ами проект, ами колку ке чини автобомилот, ќе може ли македонскиот граѓанин со неговата плата да купи еден таков автомобил?

130 милиони евра за удирање на темели од 5000 Евра? Мислам толку чини да се фрли малце бетон, железо , ручек и малце пијачка, Значи 130 милиони Евра од Македонската Влада во време кога:

1. Македонија се наоѓа во енормно тешка економска ситуација

2. Доаѓа зима кога не се знае дали ќе има доволно струја и како ќе се греат граѓаните да преживеат

3. Автопатот Кичево Охрид како важна делница за туризмот и сообраќајот воопшто, е стопиран и зарастен со трева бидејќи Владата нема пари да инвестира

4. Кога болниците се распаѓаат а медицинскиот персонал се одлева како река

5. Македонија е пред банкрот од преголемо задолжување.

И Ајде да им поверуваме на криминалците од ДУИ дека овој пат ете имаат чесна намера.

Зошто се почнува да се гради фабрика на Е-Автомобили чија марка никој не ја познава а реално и кој би купил таков автомобил освен ако истите не се продаваат за ,,џабалак” како што милуваше да вели бегалецот Груевски,

Но ајде малце да бидам подиректен, зошто верувам дека ова ќе биде една голема измама!

Ако навистина се има намера да се гради таква фабрика, тогаш 130 милиони милиони се премалку за да се донесат цели системи , ленти, роботи и секако развојна програма да се обучат стотици лица кои би требало да работат во истата. Однапред да се платат ( развијат) чипови , батерии итн.

Кога се прават вакви големи чекори на инвестирање прво се прави СВОТ Анализа па потоа студија па се отвора проект каде што скоро со сигурност ќе може да се каже дали тоа ќе биде успешна приказна па после се пристапува кон реализација / инвестиција.

Ако пробате да пронајдете како би изгледал овој автомобил ќе наидете на само еден автомобил ( модел) нема податоци колку се продал каде се се вози каде може директно да се купи?

Ако Инвеститор е Дестани, зошто тогаш парите доагаат од Владата на Република Македонија?

Ако се имало намера да се направи фабрика за Автомобили и притоа на инвеститорот да му се поклонат на старт 130 милиони евра, зошто не се направил Тендер на Европско Ниво со некој познат бренд?

Овој Автомобил (досега само еден модел) не е рангиран во ниту едно списание за е- автомобили.

Шансите овој Автомобил (со вкупно 400 вработени) да парира на конкуренција со стотици илјади вработени и на познати брендови се скоро еднакви на нула.

Во праксата прво се прави интензивна реклама а потоа се пристапува кон освојувањето на пазарот, се презентираат предностите, овде изостанале и едното и другото.

Нема ништо од оваа ” инвестиција” посебно што во неа се замешани Али Ахмети и Артан Груби. Фирмата нема официјални податоци (како што доликува на бренд), колку заработила ниту пак има индекс на една евентулна кумулативна заработка и пласман.

Нашите комшии Срби би рекле, На видику је још једна превара или кратко: пиши пропало…